
Луѓето пијат се помалку алкохол, покажува новиот извештај, за следење на потрошувачката на глобално ниво, соопшти „ВВС“.


Луѓето пијат се помалку алкохол, покажува новиот извештај, за следење на потрошувачката на глобално ниво, соопшти „ВВС“.
Продажбата на пиво продолжи да се намалуваат во минатата година, а оваа година продажбата на јаболковина исто забележува пад. Глобалниот пазар за сите алкохолни пијалаци се намалија со 1,3% во 2016-та година поради падот со 1.8% на продажбата на пиво, покажуваат податоците на „International Wine and Spirits Record“ (IWSR).
Продажбата на јаболковина се намали за 1,5% по седум последователни години на раст. Целосниот пад на продажбата на алкохол во светски рамки е многу поголем од просекот на намалување од 0,3% во претходните пет години.
Извештајот на „IWSR“ за 2016-та година покажа дека глобалната продажба на вино останала релативно непроменета – пад со 0,1%, а потрошувачката на алкохолни пијалаци се зголемила за 0,3%. Оживувањето на џинот продолжува, а продажбата на култниот британски пијалок се зголемила за 3,7% во светски план.
Иако глобалниот БДП се зголеми за 3,5% во 2016-та година, а економскиот раст обично одговара на зголемување на потрошувачката на алкохол, голем број на големи економии, како Кина, Русија и Бразил, мораше да се справи со забавување на економијата и рецесија.
Продажбата на пиво во Кина се намалени за 4,2%, со 5.3% во Бразил и со 7.8% во Русија, покажуваат уште податоците на „IWSR“.