17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛекарска комора на Македонија одбележува 25 години

Лекарска комора на Македонија одбележува 25 години

Лекарската комора на Македонија денеска ќе ја одбележи 25-годишнината од основањето. По тој повод Комората организира средба со претставници на државните институции, универзитетите, медицинските факултети, професионалните лекарски асоцијации и здруженија.

Македонската Лекарска комора е формирана на 5 јуни 1992 година. Иницијативата за формирањето на Комората во Македонското лекарско друштво ја покренале неколку доктори врз основа на сознанијата за развиените земји во светот.

Собранието е одржано во просториите во болницата на Армијата на Македонија во Скопје. На Првата конститутивна седница присуствувал и првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров.

Во оваа комора на почетокот членувале доктори по медицина и по стоматологија. Во 1995 година стоматолозите се издвојуваат и формираат нова Стоматолошка комора.

Лекарската комора на Македонија е наследник на лекарската комора која постоела на овие простори во третата деценија на минатиот век во тогашното кралство Југославија. Седиштето на комората која ја покривала тогашната вардарска бановина било во Скопје. Во комората членувале сите доктори и стоматолози што било обврска за да можат да ординираат. Се плаќало чланарина и тоа во месните писарници во општинските полициски станици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП