9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМајкл Блумберг ќе ја плати сметката од Договорот за климатски промени во...

Мајкл Блумберг ќе ја плати сметката од Договорот за климатски промени во Париз место Трамп

Филантропските организации на милијардерот Мајкл Блумберг најавија подготвеност да ја платат сметката од Договорот за климатски промени во Париз, откако претседателот Доналд Трамп ја објави својата одлука да ги повлече САД од него и да ги отфрли овие обврски.

Филантропските организации на Блумберг најавија дека заедно ќе обезбедат 15 милиони долари за поддршка на работењето на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени, рамката на ОН која го координира Парискиот договор. Толку чини учеството на САД во оперативниот буџет на Конвенцијата.

„Целта ни е да го пополниме значителниот недостиг на финансиски средства што дојде како резултат од најавеното повлекување на претседателот Доналд Трамп од договорот во Париз и од предложените кратења на буџетот за меѓународни програми, вклучително и за климата”, се вели во соопштението на „Блумберг филантропи“.

За време на говорот во Њујорк во четвртокот Трамп тврдеше дека придонесите на САД во Зелениот климатски фонд на ОН , преку кој се обезбедуваат пари за сиромашните земји за да воведат чиста технолошка енергија и други еколошки иницијативи, се “драконски” товар за САД. Тој вети дека ќе престане да им плаќа на Обединетите нации за такви цели.

Блумберг, поранешниот градоначалник на Њујорк, кој според Форбс има богатство од 50 милијарди долари, порача дека нема да ги чека владите да дејствуваат за климатските промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП