26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес и утре акција за подводно чистење на Охридското Езеро

Денес и утре акција за подводно чистење на Охридското Езеро

Од почетокот на јуни, раздвиженоста во македонскиот туристички центар, Охрид е се позабележителна, градот посетепено се полни со гости.

Тоа може да се забележи навечер, од полните летни тераси и шеталишта, но, и на сите плажи капачите излегуваат се помасовно.

Во пресрет на главната туристичка сезона, СНК „Врело“, денеска и утре, спроведува еколошка акција за подводно чистење на дел Охридското Езеро.

Нуркачите ќе почнат од плажата во туристичката населба „Св. Стефан“. Ова е втора од предвидените десет акции за подводно чистење на водите.

Акцијата се спроведува под слоганот: „За да не се правдаме пред идните генерации дека не сме се обиделе ништо да сториме за заштита на водите и природата“.

Целта е да се придонесе во будењето на свеста кај граѓаните за значењето на заштитата и зачувување на чистотата на водите и заштитата на целокупната околина.

Нуркачите, истовремено, ги повикаа и граганите на Охрид да се вклучат во акцијата, денеска од 12:00, а утре од 10:00 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП