3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемата пловечка соларна електрана во светот

Најголемата пловечка соларна електрана во светот

Во Кина долго време производството се одвиваше така што и ја обезбедуваше на земјата водечката позиција и да е понапред од другите земји по обем на произведена продукција.

Како резултат на тоа, земјата почна да се бори со смогот кој фабриките го создаваа.

Потребни беа итни мерки. Поради тоа политичарите решија да направат нешто клучно – брзо да се ориентираат кон алтернативни извори на енергија.

Пред неколку дена властите во Кина објавија дека најголемата во светот пловечка соларна електрана е пуштена во употреба. Таа дури веќе е поврзана со локалната електрична мрежа.

Централата се наоѓа во близина на градот Хуаинан во провинцијата Анхој. Располага со моќност од 40 мегавати и е развиена од страна на инженерите од компанијата „Sungrow Power Supply Co“.

Иронијата во целата приказна е дека централата е лоцирана на место кое претставува потопен рудник за јаглен. Едно време тој и обезбедувал на земјата фосилно гориво кое ја загадува атмосферата.

Минатата година Кина пушти на вода 20-мегаватна соларна електрана. Земјата планира активно да го развива овој тип конструкции во наредните години.

Пловечките сончеви централи стануваат се повеќе популарни, благодарение на својот уникатен дизајн и отсуството на потребата за инсталирање на земјиште.

Ниската температура на површината на морињата и океаните овозможи ефикасно да се ладат фотоелектрическите панели и се намалува ризикот од несреќи.

До 2020-та година Кина планира да го зголеми количеството на енергијата добиена од сончевите електроцентали до 20% од вкупниот обем на потрошувачката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП