5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШефот на Роснефт: САД ќе не удават во нафта

Шефот на Роснефт: САД ќе не удават во нафта

Директорот на Роснефт Игор Сечин изјави дека зголемувањето на производството на нафта од шкрилци во САД ќе ги неутрализира ефектите од намалувањето на производството кое го договори ОПЕК.

Сечин на економскиот форум во Санкт Петербург изјави дека благодарение на зголемената ефикасност на производители на нафта од шкрилци, тие ќе можат во 2018 година на пазарот да изфрлат дополнителни 1,5 милиони барели сирова нафта дневно.

ОПЕК и 10-те други земји, меѓу кои е и Русија, минатата недела договори продолжување на намалувањето на производството од 1,8 милиони барели дневно до март следната година со надеж дека така ќе ги зголемат цените на нафтата.

Сечин изјави дека тоа намалување „не е системска мерка која би довела до долгорочна стабилизација“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП