2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарите лобираат: Го сакаме еврото

Бугарите лобираат: Го сакаме еврото

Властите во Бугарија започнаа да лобираат за придружување на Бугарија кон Европскиот механизам за девизни курсеви (ERM2), како прв чекор кон планирањето за воведување на еврото.

„Ќе се трудиме да ги убедиме нашите партнери дека приклувањето кон ERM2 би било добро за проценка на напорите кои бугарското општество ги инвестира и довербата која ја има во заедничката европска идеја“, изјави бугарскиот министер за финансии Владислав Горанов.

Иако никаков датум не е одреден, Горанов изјави дека Бугарија ќе ги интезивира преговорите со Европската комисија, Европската централна банка и другите членки од блокот за да се здобие со политичка поддршка.

Секоја земја кандидат за приклучување на еврозоната најпрвин мора да влезе во овој механизам на две години, попознат како ERM2 „чекална“, пред да се квалификува за членство.

Бугарија во 2007 годиа и се придружи на Европската унија, потсетува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП