1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако Кина доби прилика која ќе го промени светот

Како Кина доби прилика која ќе го промени светот

Додека администрацијата на Трамп се повлекува од традиционалната улога на доминација на Америка по прашањето за трговија и развој, Кина го пополнува тој вакум.

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги повлече САД од Парискиот договор за климатските промени, би можела да создаде услови за неверојатен подем на Кина кон лидерската позиција во спречувањето на глобалното затоплување и промовирањето на „зелената “ технологија.

Како што оценува АП, повлекувањето на САД од Парискиот договор и неодамнешното укинување на слободната трговија и странската помош го продлабочуваат впечатокот дека Америка е во дефанзива.

Кина, како што се наведува, можеби е решена да ја пополни таа празнина. Оваа азиска држава е најголемиот емитер на јаглероден диоксид кој се смета за главен предизвикувач на климатските промени.

Сепак, Пекинг брзо напредува кон својата цел, а тоа е да го запре зголемувањето на емисиите на штетни гасови до 2030 година.

И додека администрацијата на Трамп се повлекува од традиционалната улога на доминација на Америка за прашањето за трговијата и развојот, Кина го пополнува тој вакум, ширејки го своето растечко влијание во светот – преку новите патишта и пристаништа до банкарските кредити и енергетските проекти, наведува АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП