26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАргентина доби нов селектор - Хорхе Сампаоли

Аргентина доби нов селектор – Хорхе Сампаоли

Аргентинскиот тренер Хорхе Сампаоли официјално ја презеде репрезентацијата на својата земја. За „слободата“ на Сампаоли Фудбалската асоцијација на Аргентина на Севилја, чии тренер беше Аргентинецот, и плати 1,5 милиони евра.

Темпераментниот тренер, кој со Чиле има две титули на Копа Америка, со Фудбалската асоцијација на Аргентина потпиша петгодишен договор.

Прва цел, на Сампаоли, ќе му биде да го извлече максимумот од капитенот Лео Меси, бидејќи како што рече „тоа е патот до големите успеси“.

„Моите сништа се остварени. Секогаш со гордост гледав кон местото селектор во репрезентацијата на Аргентина. Во мојот мандат ја сакам најдобрата верзија на Меси“, рекол Сампаоли на официјалната промоција, алудирајќи на поразите на „гаучосите“ во финалето на Светското првенство во 2014, односно финалињата на Копа Америка во 2015 и 2016 година.

Сампаоли е веќе третиот селектор на Аргентина во актуелните квалификации за пласман на светското првенство во Русија, по Херардо Мартино и Едгар Бауса.

Сампаоли ќе дебитира на 9.јуни на пријателскиот натпревар со Бразил кој ќе се одигра во Мелбурн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП