21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата забележа раст

Цената на нафтата забележа раст

Цените на нафтата пораснаа во четврток од најниските нивоа за три недели, благодарејќи на поголемиот од очекуваниот пад на резервите и шпекулациите дека САД би можеле да се повлечат од Договорот за борба против климатските промени.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна 58 центи, на 51,34 американски долари (УСД), додека на американскиот пазар се покачи за 64 центи, на 48,96 УСД.

Одвоено ОПЕК објави дека цената на барелот на референтната кошничка од неговата нафта во среда изнесувала 48,69 УСД, што е 70 центи помалку во однос на претходниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП