Јапонската централна банка достигна нова пресвртница, бидејќи нејзината рамнотежа надмина 500 илјади милијарди јени (4,48 илјади милијарди долари), што е колку тој на Федералните резерви на САД. Од почетокот на агресивните стимулации во 2013-та година билансот на „ВоЈ“ е зголемен над 3 пати, посочуваат агенциите.
Печатењето на пари, сепак не успеа да ја приближи инфлацијата во земјата до целното ниво од 2%.
Растечкиот баланс на централната банка може и да го усложни идното повлекување на стимулациите, бидејќи секој раст во приносот на обврзниците, предизвикан од очекувањата за затегнување на монетарната политика.
Податоците покажуваат дека кон крајот на мај билансот на банката порасна до 500,8 илјади милијарди јени. Година порано тој бил 425,7 илјади милијарди јени. Кога гувернерот на „ВоЈ“, Харухико Курода ја презеде функцијата во март 2013-та година, билансот на банката беше 164,8 илјади милијарди јени.
За споредба, билансот на ФЕД изнесува 4,51 илјади милијарди долари.
Овој на „ВоЈ“ е 90% од БДП-то на Јапонија, што е најголем удел меѓу четирите главни централни банки во светот.
И покрај годините на големата ликвидна поддршка и сигналите за недостаток на работна сила, инфлацијата во Јапонија е едвај 0,3% и се очекува да остана под 2% во блиска иднина.
Бавното закрепнување на економскиот раст во голема мера се должи на заздравувањето на извозот и глобалната побарувачка, а домашната потрошувачка останува слаба, посочуваат агенциите.
По три години агресивно купување на обврзници не доведе до стимулирање на инфлацијата, „ВоЈ“ ја промени својата политика и го насочи фокусот кон контрола на кривата на приносот на 10-годишните обврзници, имено – околу 0%.
Курода неколкупати изјави дека централната банка може да купува уште многу обврзници и дека е избрзано да се дискутира јавното прекинување на програмата за стимулации.
Но купувањето на големи количини јапонски државни обврзници ќе станува сè потешко, бидејќи централната банка веќе поседува 42% од сите државни долгови.
Податоците покажуваат дека банката откупува обврзници со значително побавно темпо. Кон крајот на мај нејзиниот имот бил со 70,7 илјади милијарди јени повеќе во однос на една година порано. Тоа е со над 10% под официјалниот таргет за 80 илјади милијарди јени годишно и најбавното темпо од над две години.
Голем број аналитичари очекуваат „ВоЈ“ дополнително да го забави темпото на околу 60 илјади милијарди јени годишно до крајот на оваа година и да го укине таргетот од 80 илјади милијарди јени.