12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПостигнат е почетен договор за рекапитализација на Monte dei Paschi

Постигнат е почетен договор за рекапитализација на Monte dei Paschi

Европската комисија (ЕК) постигна првичен договор со италијанските власти за рекапитализација на „Banca Monte dei Paschi di Siena“, објави во четвртокот ЕК, цитирана од светските агенции.

Комисијата вели дека е постигнат принципиелен договор по „заштитната рекапитализација“ на банката во согласност со правилата на ЕУ, под услов да бидат исполнети одредени критериуми, на пример да се осигура дека банката ќе постигне профит.

„Тоа ќе и овозможи на Италија да инјектира капитал во „Monte dei Paschi“ како мерка на претпазливост, во согласност со правилата на ЕУ, додека во исто време го ограничи времето на италијанските даночни обврзници“, вели еврокомесарот за конкуренција Маргрете Вестагер во соопштението.

Четвртата по големина банка во Италија имаше бруто проблематични долгови во износ од 26 милијарди евра кон крајот на минатата година. Таа изјави дека води ексклузивни преговори со локален фонд и група инвеститори за продажба на своето портфолио од лоши заеми.

Најстарата банка во светот со седиште во тосканскиот град Сиена, се покажа како најслабиот кредитор во Европа на стрес тестовите во јули минатата година и побара државен спасувачки заем за да се пополни капиталниот недостиг од 8,8 милијарди евра, откако не успеа да привлече средства од пазарот во декември.

Комисијата соопшти дека договорот зависи од потврдата од Европската централна банка дека „Monte dei Paschi“ е платежоспособна и од согласноста на приватните инвеститори да го купат портфолиото набљудувани заеми на банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП