18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-AMG брка нов рекорд

Mercedes-AMG брка нов рекорд

Спортската поделба на компанијата „Mercedes-Benz“ ги објави резултатите од продажбата за првата четвртина од 2017-та година. Во „AMG“ се оптимисти дека ќе успеат да запишат нов рекорд.

Целта пред Германците е оваа година да ја преминат границата од 100.000 продажби. Резултатот за 2016-та година беше доста блиску – 99.235 нови возила, произведени од „Mercedes-AMG“, заминаа во рацете на своите сопственици.

„Нашата јубилејна година почна доста успешно, а за првите 4 месеци се интензивира продажбата. Тоа ни дава оптимизам за иднината, а сме убедени дека ќе успееме да ја прескокнеме границата од 100.000 машини“, коментира шефот на „AMG“ – Тобиас Моерс.

Во „AMG“ се убедени дека зголемувањето на продажбата се должи на големиот број модели кои ги нуди работилницата. Во моментов тие се над 50, при што претстои да се зголемат со претставување на новото семејство „A-Class“, каде што повеќето модели ќе имаат „AMG“ верзии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП