17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБразил: Рецесијата завршена после две години

Бразил: Рецесијата завршена после две години

Бразилската економија оствари раст за еден процент во првите три месеци од 2017 година, со што е завршена двегодишната рецесија, која беше најдолга во историјата на оваа земја, соопштија официјалните лица.

Во претходните две години, економијата на Бразил ослаби за речиси осум проценти, но економскиот раст го поттикна рекордната жетва на соја, житарка која се извезува во големи количини од оваа земја.

Аналитичарите предупредуваат дека економијата би можела да се врати во рецесија во блиска иднина.

Рекордни 14 милиони луѓе немаат работа во Бразил, се наведува во официјалните податоци кои се објавени претходно оваа недела.

Стабилноста на пазарите дополнително е нарушена со неизвесноста во врска со идниот статус на претседателот Мишел Темер.

Акциите на бразилската берза нагло ослабија во мај откако во јавноста излегоа снимки од разговори во кои претседателот, како што се чини, дискутира за тајните исплати на еден политичар кој е во затвор.

Темер ги демантираше обвинувањата и изјави дека со снимките е „манипулирано“, но тој е сочен со се почести повици да поднесе оставка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП