Крајот на оваа скратена трговска недела на Македонската берза заврши со пораст на идексот МБИ- 10 од солидни 1,18% при што вредноста на индексот достигна 2.285,21 индексни поени.
Во четврток беше остварен промет од вкупно 20.832.029 милиони денари.
Кај акциите во класично тргување најмногу се тргуваше со Стопанска Банка АД при што се реализираа 2.875 акции по просечна цена од 952,03 и вкупна вредност од 2,7 милиони денари.
Од останатите акции се издвоија Гранит, Алкалоид и Топлификација АД Скопје со промет повисок од 1 милион денари.
За вчерашниот оптимизам кај инвеститорите доволно говори и податокот што 16 од хартиите од вредност со кои што се тргуваше во четвртокот го завршија денот во плус