19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо САД во мај само приватниот сектор вработил 253.000 лица

Во САД во мај само приватниот сектор вработил 253.000 лица

Во прватниот сектор во САД се отворени 253.000 нови работни места, а најмногу вработувале компаниите кои имаат помалку од 500 вработени.

Ова го покажа објавеното истражување на приватната агенција за вработување ADP.

Таквите податоци укажуваат на забрзување на темпото на вработување во однос на 174.000 отворени работни места во април, пренесува агенцијата АП.

Податоците се значително поголеми од проекцијата на економистите, кои очекуваат официјалниот извештај на владата да покаже дека се отворени 176.000 работни места.

Најголем раст на вработувањето, според податоците на ADP, е регистриран во градежниот, образовниот и здравствениот сектор.

Податоците на ADP се однесуваат само на приватниот сектор и често се разликуваат од официјалните податоци на американската влада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП