21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБерлин предлага „Берлин два“ за Западниот Балкан

Берлин предлага „Берлин два“ за Западниот Балкан

Германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел најави нов план за Западен Балкан – агенда “Берлин плус”, како дополнителен поттик со цел регионот да се направи атрактивна економска средина и локалното население да добие видлив напредок.

Министерот Габриел агендата “Берлин плус”, која предвидува дополнителни напори и финансиски ресурси за да се забрза напредокот на регионот кон ЕУ, ја престави во Берлин на конференција со колегите од Западен Балкан, во организација на Институтот Аспен. Конференцијата што се одржува во Берлин, според него, е испровоцирана од развојот на настаните во земјите во регионот кои преставуваат закана за неговата стабилност.

Со планот “Берлин плус” се предлага формирање на фонд за инфраструктура и технологија за кои ЕУ, Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА) и Европската економска област (ЕЕА) би можеле да бидат донатори.

Предвидено е германските механизми за соработка и за развој подобро да се насочат кон потребите на регионот, вклучувајќи воспоставување на посебни фондови за “старт ап“, за професионална обука и за развој на ИТ инфраструктура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП