20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСорос: Банките можат да пропаднат, ЕУ нема да биде подготвена

Сорос: Банките можат да пропаднат, ЕУ нема да биде подготвена

Милијардерот Џорџ Сорос ја предупреди ЕУ дека ќе се соочи со егзистенцијална криза доколку ги „развлекува“ проговорите околу Брегзит.

Сорос укажува дека во Европа е потребна радикална промена.

„Преговарањето околу излегувањето на Британија ќе го привлече вниманието на ЕУ и нејзините проблеми, а самите разговори би можеле да траат и пет години“, вели тој .

Како што рече тој, ЕУ би требало истовремено со разводот од Британија да се направи повторно атрактивна, посебно за младите генерации.

Истакнува дека ЕУ се сведе на еврозоната, каде што многу членки се ставени во неповолна ситуација.

ЕУ би требало да се подготви за да може да одговори на предизвиците, како што е банкарската криза, посебно онаа која тлее во Италија, рече Сорос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП