18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУправата за заштита на културното наследство во нова зграда

Управата за заштита на културното наследство во нова зграда

Управата за заштита на културното наследство, која е во состав на Министерството за култура, се всели во нов поголем работен простор, во објект на ул. Павел Шатев, бр. 3 во Скопје. Покрај новиот простор, вработените добија и комплетно нова работна опрема.

„Особено се екипираше и одделот во кој стартуваше оформувањето на дигиталниот катастар на културното наследство вклучувајќи го и археолошкото наследство на Република Македонија, за чија реализација во февруари беше изработена и доставена до Управата физибилити студија врз чија основа очекуваме во најскоро време да се внесат најзначајните културни добра врз катастарска основа“, соопшти Управата, која досега беше во исти простории на Министерството за култура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП