30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанското индустриско производство забележа најслаб пад во последните 19 месеци

Шпанското индустриско производство забележа најслаб пад во последните 19 месеци

shpanija4

Шпанското индустриско производство во март забележа најслаб пад во последните 19 месеци, покажаа податоците кои ги објави државниот завод за статистика.

Сезонски прилагодените податоци на статистичкиот завод покажуваат дека индустриското производство во март е намалено, 19-ти месец по ред, за слаби 0,6 проценти во однос на истиот период од минатата година. Во претходниот месец, производството се намали за ревидирани 6,9 проценти.

Падот беше забавен поради зголеменото производство на капитални стоки, вклучувајќи машини, канцелариска опрема и енергија.

„Бројката силно не изненади, таа е спротивна од останатите показатели…. Ние мора да видиме до кои мерки таа ќе биде одржлива“, изјави стратегот на берзата во Мадрид, Џозе Луис Мартинез.

Според истражувањето на лондонскиот институт Маркит, во април, активностите во шпанскиот индустриски сектор беа намелени 24 месеци по ред, со малку побавно темпо отколку во март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП