28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите: Дали биткоинот воопшто е валута? Се сомневаме!

Русите: Дали биткоинот воопшто е валута? Се сомневаме!

Русија бара начини за да би можела да го легализира биткоинот, изјави гувернерката на Централната банка на таа земја, Елвира Набиулина. Сепак, додава дека се уште се скептични.

Како што изјави, се сомнева во предностите на оваа криптовалута, па дури и се прашува дали воопшто треба биткоинот да се смета за валута.

Набиулина вели дека во централната банка биткоинот го гледаат како дигитално средство, а не како валута, и дека начинот на неговото регулирање треба дополнително да се бара.

На прашањето дали руската банка планира да го легализира биткоинот, таа изјави дека власта ја анализира можноста, и повтори дека постојат многу ризици кога станува збор за криптовалутите.

Таа не прецизираше што би подразбирала таа регулација, но не го сокри сомнежот во врска со биткоинот: „Имаме некои сомнежи, не гледаме некоја голема корист од воведувањето на дигиталните валути за нашата економија“, изјави таа.

Да се потсетиме, биткоинот неодамна достигна вредност од рекордни 2.791 долари. Аналитичарите му прогнозираа понатамошен раст.

Руските власти со години се обидуваа да го забранат биткоинот. Доколку оваа земја ја прифати оваа валута, тоа би можело да ги поремети цените, но и да вклучи повеќе инвеститори кои би се користеле со неа, пишува CNBC.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП