23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаскоро на оглас 850 хектари државно земјоделско земјиште за сточна храна

Наскоро на оглас 850 хектари државно земјоделско земјиште за сточна храна

nivi

Наскоро ќе биде објавен огласот за давање во закуп 850 хектари државно земјоделско земјиште кое ќе може да се користи исклучиво за производство на сточна храна.

Со ова, како што изјави денеска ресорниот министер Љупчо Димовски, им се излегува во пресрет на сточарите и се реализира нивното дамнешно барање.

– Веќе ги извршивме потребните законски измени, обезбедивме соодветно земјиште и за релативно кратко време ќе излеземе со оглас на кој ќе може да се јават фармерите. Бенефит очекуваме уште оваа година, рече Димовски по работната средба со претставници на земјоделците.

За нас е особено важно, додаде, да се зголеми производството на добиточна храна со оглед дека сме увозно зависни и имаме проблеми од овој аспект во секторот. Тоа е во интерес не само на одгледувачите на добиток, туку и на целата држава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП