25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА106 милиони евра странски инвестиции за првиот квартал, најголем прилив од Бермуди

106 милиони евра странски инвестиции за првиот квартал, најголем прилив од Бермуди

Според извештајот на НБРМ во Македонија влегле 105,67 милиони евра странски директни инвестиции за првиот квартал од 2017 година.

Според податоците на НБРМ најголем инвеститор е Бермуди со 12,38 милиони евра, потоа следи Австрија со 9,83 милиони евра.

Во овој квартал најмногу одлеале Велика Британија-76,64 милиони евра. Во земјите каде што се одлеале пари на инвеститорите се вбројува и Холандија со 11,24 милиони евра.

Податоците на Народната банка за првите три месеци од годинава покажуваат дека во овој период има одлевање од 68 милиони евра, додека пак влегле дури 174 милиони евра како нераспределено реинвестирање на добивката.

Извештајот можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП