6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија ги руши прогнозите, подобро не паметат

Италија ги руши прогнозите, подобро не паметат

Стапката на невработеност во Италија опадна во април за 0,4 проценти во однос на март и изнесуваше 11,1 проценти што е најдобар резултат од септември 2012 година.

Оваа цифра е подобра од прогнозираните 11,6 проценти но и понатаму е далеку над вкупната стапка на невработеност во еврозоната која во март изнесуваше 9,5 проценти, соопшти италијанскиот Национален институт за статистика.

Невработеноста на Италијаните на возраст од 15 до 24 години е стабилна на 34 проценти што е далеку над европскиот просек од 19,4 проценти.

Невработеноста кај мажите опадна за 0,5 проценти и изнесуваше 10,2 проценти, додека стапката на невработеност кај жените изнесуваше 12,4 проценти по падот од 0,3 проценти.

Вкупната вработеност порасна за 0,2 проценти на 57,9 проценти, што е најголемиот процент од февруари 2009 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП