22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на Стопанска банка АД Скопје повторно интересна за инвеститорите

Акцијата на Стопанска банка АД Скопје повторно интересна за инвеститорите

Акцијата на Стопанска банка АД Скопје и денес се најде во фокусот на инвеститорите со промет од 5.62 денари, вкупна количина од 5.938 акција и учество од над 36 отсто во вкупниот промет кој изнесуваше 15.352.996 милиони денари.

Со истргувани 870 акции по просечна цена од 3.610 денари, со раст на вредноста од 0,03%, акцијата на Македонија Турист Скопје се најде на второто место на листата на “милионери”.

Над милион денари имаа промет и акциите на Гранит, Комерцијална и Топлификација АД Скопје.

Најголем раст на вредноста од 9,97% со просечна цена од 1.722 денари при истргувана количина од само 755 акции забележа акцијата на Топлификација АД Скопје.

Индексот МБИ-10 денот го заврши со раст на вредноста од 0,34%, и изнесуваше 2.258,63 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП