ЕКОНОМИЈА

Поради штрајк на грчките цариници отежнат сообраќајот кон Грција

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Почнувајќи од синоќа од од 21:00 часот на граничниот премин Стар Дојран грчката царина ќе отпочне со 24 часовен штрајк, при што нема да бидат пропуштани патнички и товарни возила, односно ќе бидат пропуштани само пешаци.

Од полноќ во штрајк стапија и грчките царински служби на граничен премин Евзони. За време на штрајкот товарниот сообраќај при влез и излез во Грција ќе биде во целосен прекин, додека автобускиот и патничкиот сообраќај ќе функционира со повремени прекини (60 минути блокада, 15-тина минути пропуштање).

Утрово од 07 часот во штрајк стапија и цариниците на граничниот премин Ники. На овој граничен премин додека трае штрајкот ќе бидат пропуштани само пешаци