20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија во мај со најниска стапка на невработеност од обединувањето

Германија во мај со најниска стапка на невработеност од обединувањето

Стапката на невработеност, во Германија во мај падна на 5,7 отсто, што е најниско ниво од повторното обединување на земјата, кое се случи во 1994 година. Тоа ја потврдува стабилноста  и економскиот раст на најголемата економија во Европа, се наведува денеска во објавениот извештај.

Агенцијата за вработување соопшти дека податоците за невработеност сезонски се прилагодени.

Во соопштението, Агенцијата наведува дека стапката на невработеност во април е со пресметаната сезонска варијација и беше 5,8 проценти, а тоа е на исто ниво како и во март.

“Во услови на поволна економска средина продолжува да расте невработеноста и таа падна во мај. Вработување е се посилно, а побарувачката за работна рака остана на исто ниво”, рече директорот на Агенцијата Детлеф Шеле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП