Железничарите на денешниот собир одлучија од понеделник да стапат во штрајк поради, како што велат, неисполнетите ветувања од В.Д. директорот Игор Коруновски, пренесува Алсат-М.
Машиновозачите бараат зголемување и изедначување на коефициентите на сите машиновозачи, процентите за додаток на плата, за ноќна работа и работа во викенд и празници, а кои им ги одземале пред десет години. Бараат и почитување на роковите за исплата на платата. Од синдикатот на машиновозачи вели дека ќе бараа средба и со новиот министер за транспорт и врски.