28 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВраќањето на британските пензионери од Европа по Brexit може да чини милијарди

Враќањето на британските пензионери од Европа по Brexit може да чини милијарди

Британскиот здравствен систем може да се соочи со трошоци од 1 милијарда фунти (1,15 милијарди евра), ако британски пензионери кои живеат во Европа треба да се лекуваат во татковината по „Brexit“, покажа истражувањето, цитирано од француските медиуми.

Сумата е двојно поголема од здравствените трошоци кои Велика Британија ги плаќа (573 милиони евра) за свои граѓани, уживајќи во здравството во земјите од Европската унија. Тоа го проценува здравствената добротворна организација „Nuffield Trust“, која ја изготви студијата.

Во моментов околу 190.000 британски пензионери го користат овој систем: преку европскиот формулар „S1“ тие можат да се преселат да живеат во секоја земја од ЕУ и да уживаат во истото здравствено осигурување како локалните граѓани.

Според „Nuffield Trust“ враќањето на британските пензионери ќе наметне исто така отворање на уште болници со вкупно околу 900 легла, за да се обезбеди основна инфраструктура за нивно лекување.

„Националниот здравствен систем има потреба од договор за „Brexit“ што да ќе им овозможи на пензионерите кои заминаа да живеат во странство да продолжат да добиваат здравствена заштита“, забележува авторот на студијата Марк Дајан. Тој истакнува исто така дека зависноста на здравствениот сектор од странска работна сила – лекари и медицински сестри.

Ако биде воведена рестриктивна политика за имиграцијата по „Brexit“, како што планира Владата на конзервативците, над 70.000 работни места можат да останат неисполнети во здравството до 2026-та година, прогнозира студијата.

Авторот на извештајот освен тоа смета дека е во интерес на британските пациенти земјата да остане интегрирана кон европскиот пазар на лекови, за да се обезбеди снабдувањето на националниот здравствен систем. Тоа според него ќе бара специфичен договор.

Преговорите за излегувањето на Велика Британија од ЕУ ќе започнат по парламентарните избори на 8-ми јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП