3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКредиторите на Грција треба да дадат „појаснување“ за договорот за олеснување на...

Кредиторите на Грција треба да дадат „појаснување“ за договорот за олеснување на грчкиот долг

На средбата која ќе се одржи следниот месец кредиторите на Грција треба да дадат „појаснување“, околу постигнувањето договор за олеснување на грчкиот долг, повика во понеделникот членот на Управниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ), Беноа Коре, пренесува АФП.

„Од голема важност е Еврогрупата на 15 јуни да постигне договор“, додал Коре. Мерките за намалувањето на огромниот долг на Грција, кој во моментов изнесува 179 отсто од бруто-домашниот производ, нема да влезат во сила пред средината на 2018 година.

„Доколку сме доволно јасни околу мерките што преземаме денес, тоа ќе донесе придобивки во иднина, особено за враќањето на довербата, како во земјата, така и во странство“, додал претставникот на ЕЦБ.

Еврогрупата, составена од министрите за финансии од еврозоната, на последната средба на 22 мај не успеа да постигне договор околу мерките со кои треба да се олесни грчкиот долг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП