17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија отстранува дел од економските ограничувања во односите со Турција

Русија отстранува дел од економските ограничувања во односите со Турција

Рускиот претседател Владимир Путин отстрани дел од ограничувањата во економските односи со Турција, соопштија од Кремљ.

Од објавениот декрет на страницата на руското претседателство станува јасно дека ќе бидат отстранети дел од забраните во однос на активностите на турски компании кои работат на територијата на Русија.

Тие се однесуваат главно во назначувањето на турските граѓани кои работат во Русија.

Во прилог делумно се опоравува и дејството на договорот меѓу двете држави за безвизно патување на нивните граѓани, потпишан во 2010-та година.

Ограничувањата беа воведени кон крајот на 2015-та година, кога турските военовоздухопловни сили соборија руски воен авион. Тогаш односите меѓу двете земји се заладија значително.

По неколку месеци Анкара се извини за инцидентот, по што врските меѓу двете земји почнаа да се враќаат. Еден од примерите во оваа насока е изградбата на „Турски поток“.

Сите ограничувања сепак се уште не се отстранети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП