11 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да излезете на крај со фрустрираниот шеф?

Како да излезете на крај со фрустрираниот шеф?

Сите барем еднаш во животот сте ја доживеале ситуација на работа кога фрустрираниот шеф ќе ја изгуби контролата и ќе започне да ви вика. Како да реагирате во тој момент?

1. Побарајте состанок во четири очи

Личноста со која комуникацијата се продолжува со повишен тон, односно со викање всушност покажува дека таа личност ја губи контролата и дека е на работ на нервите. Доколку ви се случи токму тоа, шефот да загуби контрола, најдобро е да побарате приватен разговор на кој се ќе разјасните.

2. Објаснете ја ситуацијата и оправдајте се

Бидете смирени, но сепак кажете нешто во своја одбрана. Доколку се работи за грешка, лоша интерпретација или забуна која го навела шефот да ве обвини за нешто – веднаш тоа така кажете го.

3. Признајте ги своите грешки

Доколку навистина се работи за нешто што сте го погрешиле или не – понудете решение. Викањето на фрустрираниот шеф е знак за ирационално однесување кое треба да се насочи.

5. Никогаш не возвраќајте со викање

Никогаш и под ниту еден услов не му викајте на својот шеф. Без оглед колку сте вознемирени или емотивни – вашето викање само ќе ја влоши ситуацијата.

6. Дајте и заклучок на расправата

Секој конфликт, без оглед дали станува збор за викање или мало недоразбирање – секогаш завршете го со заклучок. Проверете дали со вашиот соговорник се е решено и јасно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП