15 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо Париз филмот „Златна петорка“ ќе го претставува Тренчовски

Во Париз филмот „Златна петорка“ ќе го претставува Тренчовски

По неодамнешната проекција во култното берлинско Кино „Бабилон“, вечерва, во познатото Кино „Ентрепот“ во Париз со македонскиот филм „Златна петорка“ се отвора фестивалот SEE à Paris.

Оваа манифестација е посветена на кинематографиите на земјите од Југоисточна Европа. Филмот „Златна петорка“ досега успешно е прикажан на фестивали во Лондон, Сиднеј, Торонто, Бенгалур, Москва, Перуџа, Берлин, Битола, а наскоро ќе има низа регионални фестивалски претставувања, како и промоција во САД.

Во Москва филмот се закити со специјална диплома од жирито, а во Перуџа доби „Златен грифон“ и беше прогласен за најдобар странски филм. В сабота, на 3 јуни, во рамките на фестивалот, режисерот Горан Тренчовски ќе одржи мастер-клас на културолошко-образовниот институт ИНАЛКО (Национален институт за јазици и ориентални цивилизации) во рамките на Универзитетот Сорбона, каде што ќе зборува на темата „Литературата и филмот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП