21 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаспишан конкурсот за државната награда „Св. Климент Охридски“

Распишан конкурсот за државната награда „Св. Климент Охридски“

Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ е распишан и ќе трае од 1 до 30 јуни 2017 година.

Со државната награда „Св. Климент Охридски” се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Во денеска објавениот конкурс се наведува дека државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани, а под условите определени во конкурсот може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство за остварување од јавен интерес за Република Македонија.

Како што е наведено во конкурсот, на награден поединец му се доделува диплома и паричен износ, на секој член на наградена група творци или екипа им се доделува диплома и подеднаков дел од паричниот износ, а на наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета.

Паричниот износ на државната награда „Св. Климент Охридски” изнесува десет просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар