25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвеѓаните трошеле повеќе, падот ги изненади сите

Швеѓаните трошеле повеќе, падот ги изненади сите

Економскиот раст на Шведска забави на 0,4 проценти во првиот квартал од 2017 година поради понискиот извоз, соопшти државната агенција за статистика.

Ваквиот економски раст на квартално ниво ги изненади економистите кои очекуваа значително посилна експанзија од 1,0 проценти, пренеусва агенцијата АФП.

Според податоците на Националниот институт за статистика (SCB), растот на бруто домашниот производ на Шведска на годишно ниво во првиот квартал изнесувал 2,2 проценти, воден од силната порошувачка и инвестициите.

Потрошувачката на шведските домаќинства во извештајниот квартал пораснала за 0,5 проценти, а цените на недвижнините скокнале за 7,7 проценти.

Како што наведоа од SCB, домаќинствата трошеле повеќе на превоз, мебел, хотелски и ресторански услуги.

Шведска е главен извозник на транспортна опрема, машини и железо. Вкупниот показател на извозот е понизок за 0,2 проценти.

Додека извозот на стока забележа раст за 1,7 проценти, извозот на услуги опадна за 4,3 проценти, според институтот за статистика, кој наведува дека најголем пад на активноста е регистриран кај агенциите за изнајмување.

По исклучителната 2015 година, кога БДП беше зголемен за 4,1 проценти, шведскиот раст во 2016 година забави на 3,2 проценти. Централната банка за оваа година предвидува раст од 2,8 проценти, пренесува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП