30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ќе го зголеми својот буџет за две млрд евра

ЕУ ќе го зголеми својот буџет за две млрд евра

Европската комисија ќе предложи зголемување на буџетот на Европската унија за 2018 година за две милијарди евра на 160 милијарди евра, велат извори од ЕУ.

Европскиот комесар за буџет Гинтер Етингер би требало на пратениците во европскиот парламент да им го претстави буџетот за 2018 година.

Како и во претходните години, поголем дел од буџетот на ЕУ ќе биде посветен на регионалните и земјоделските прашања, но во буџетот за 2018 година средствата предвидени за борба против невработеноста на младите ќе опадне од 500 милиони евра на 233 милиони евра, велат извори запознаени со случајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП