10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинска: 760 eвра месечна помош за лицата кои долго време се без...

Финска: 760 eвра месечна помош за лицата кои долго време се без работа

Финските власти донеле одлука невработените лица во оваа земја, кои долго време чекаат на вработување, да примаат помош од минимални 760 eвра месечно.

Aгенциајта за социјалните работи во Келa соопшти дека најновите податоци покажуваат дека невработените лица постари од 60 години тешко пронаоѓаат вработување во Финска.

Властите во оваа земја поради тоа одлучија на лицата, постари од 60 години, кои чекаат на работа повеќе од пет години, да им обезбедат финансиска поддршка во вид на месечни примања.

Преку 50 проценти на лицата кои имаат право на споменатите примања веќе поднесоа барања пред официјалните институции.

Директорката на Агенцијата за социјални работи Анне Неимала изјави дека нема потреба за големо брзање, затоа што, како што рече, сите кои имаат право на време ќе им бидат исплатени придонесите.

„Помошта може да биде исплатена и за шест месеци наназад“, вели Неимала.

Таа додава дека не станува збор за пензија туку за субвенции кои се еднакви на минималната месечна пензија во оваа земја, а која изнесува околу 760 евра.

Исплатата на овој вид помош ќе престане откако невработените лица ќе започнат да добиваат пензија со наполнети 65 години.

Во план е првите исплати да бидат реализирани веќе на 1-ви јуни оваа година.

Овој вид помош се реализира во рамките на социјалниот пакет кој претходно беше договорен со цел да се реши проблемот со долгорочната невработеност во оваа земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП