17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на инфлацијата во Кина

Раст на инфлацијата во Кина

kina5

Темпото на раст на инфлацијата во Кина во април е забрзано на 2,4 проценти на годишно ниво, од 2,1 проценти кои беа забележани во март, што е повеќе од она што го предвидоа аналитичарите.

Главниот двигател на растот на инфлацијата, како што пренесуваат агенциите, е поскапувањето на намирниците во просек за четири проценти во однос на април минатата година, со тоа што цената на зеленчукот е зголемена за 5,9 проценти.

Од друга страна, инфлацијата и понатака останува под целната граница на кинеската централна банка од 3,5 проценти, која така има доволно простор за маневрирање и во случај на влошување на ситуација може да донесе мерки за поддршка на економијата.

Цените на производителите во Кина, кои сигнализираат како ќе се развива инфлацијата во наредните месеци, се намалени за 2,6 проценти на годишно ниво. Аналитичарите предвидуваа дека ќе се зголеми за 2,3 проценти, по намалувањето во март за 1,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП