15 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМонографија за ликовниот уметник Вељо Ташовски

Монографија за ликовниот уметник Вељо Ташовски

Промоција на монографија за ликовниот уметник Вељо Ташовски, со наслов „Вељо Ташовски, живот и творештво“, ќе биде одржана утре во 12:30 ч во Националната галерија на Македонија во објект Даут пашин амам.

Организатор и издавач на монографското издание е Националната галерија на Македонија, автор на текстот на монографијата е Владимир Величковски. На промоцијата ќе се обрати промоторот господин Милан Бешлиќ, ликовен критичар од Хрватска, кој е и автор на текст во публикацијата и Костадин Танчев – Динка.

– Во рамките на редовната годишна програма за 2016 година Националната галерија на Македонија го реалзираше проектот монографско издание „Вељо Ташовски, живот и творештво“. Имено станува збор за издание кое доаѓа како дел од еден посеопфатен прокет кој во континуитет се одвива од 2014 год. преку организација на ретроспективна изложба за Вељо Ташовски во објектот Даут пашин амам во декември 2014 год. Во текот на 2015 година поттикнати од интересот и значењето на творештвото на овој наш еминентен ликовен автор кој одигра значајна улога во развојот на македонската современа ликовна уметност направивме избор од ретроспективната поставка со цел нејзино селективно прикажување и во останатите градови од земјата. Имено истата беше замислена како патувачка со цел да се анимира културната и ликовната јавност во внатрешноста на Македонија и уште еднаш да потсетиме на исклучителниот опус на Вељо Ташовски. Во текот на април/мај 2016 година изложбата беше претсавена и во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, известуваат од НГМ.

Вељо Ташовски е роден 1949 година во с. Осој, Македонија. Во 1975 година завршил Академија за ликовни уметности – сликарски одел во Љубљана, каде и магистрирал. Од 1976 до 1985 година бил член на Друштвото на ликовни уметници во Словенија, а од 1976 година е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Работел како професор на Факултетот за ликовни уметости во Скопје. Имал повеќе самостојни изложби во Македонија и Словенија, а земал учество и на голем број групни изложби во Словенија, Македонија, Италија, Полска, Хрватска, Грција, Романија, Србија, Чешка, Словачка, САД итн. Добитник е и на бројни награди во Македонија, Словенија, Хрватска и Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП