4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроменета проценката за раст на шпанската економија

Променета проценката за раст на шпанската економија

Шпанскиот министер за економија Луис де Гуиндос ја подигна владината проценка за раст на економијата на земјата оваа година на околу три отсто, од претходните 2,7 отсто.

Проценката на растот е подобра заради подобрите од очекуваните перформанси во досегашниот тек од годината.

„Влеговме во оваа година со максимална брзина, што говори дека растот ќе биде околу три отсто“, рече де Гуиндос пред пратениците за време на расправата за буџетот за оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП