18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови рекорди на цените на недвижностите во Париз

Нови рекорди на цените на недвижностите во Париз

Цените на недвижностите во Париз ова лето се чини дека ќе достигнат нови рекорди, со оглед дека купувачите, меѓу кои има многу Британци, се натпреваруваат околу купувањето на станови во најелитните делови на француската престолнина.

„Бројот на купувачи незапирливо расте. Побарувачката ја надмина понудата, особено за луксузни недвижности, можеби и заради Брегзит“, рече Тјери Делесал, кој е запознат со оваа проблематика.

Додека Италијанците се најголема група на странски купувачи на станови во Париз, со удел од 17 отсто во вкупниот број продадени недвижнини на не-Французите, Британците се пробиле на второ место со удел од двете отсто.

Веќе во првите три месеца оваа година цените на изградените станови во Париз пораснале 5,5 отсто на 8,45 илјади евра за метар квадратен, според проценката од извештајот на Комората на нотари на Париз и Ил-де Франс регионот.

Во јули цените би можеле дополнително да скокнат на 8,8 илјади евра за метар квадратен.

Претходниот рекорд во поглед на цените на станбените недвижнини во висина од 8,46 илјади евра за метар квадратен е забележан летото 2012 година.

Во градските квартови или арондисманите цените на становите надминуваат и преку 11.000 евра за квадрат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП