3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРушат рекорди - акциите на Amazon надминаа 1.000 долари

Рушат рекорди – акциите на Amazon надминаа 1.000 долари

Акциите на „Amazon“, американската компнија за онлајн трговија, за прв пат ја надминаа цифрата од 1.000 долари.

Со тоа пазарната вредност на „Amazon“ достигна 478 милијарди долари, што е двојно повеќе во однос на вредноста на ривалскиот „Walmart“ и за речиси 15 пати повеќе од вредноста на „Target“, пренесува американската агенција АП.

Благодарение на четирицифрената цена на акцијата, „Amazon“ се приклучи во групата во која се уште само четири американски компании чии акции се тргуваат по цена над 1.000 долари.

„Amazon“ помина долг пат од 1995 година кога започна со работа и кога главно продаваше книги. Компанијата со седиште во Сиетел денес продава речиси се, од намирници до мали домашни апарати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП