22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААкциите на Македонија Турист АД Скопје беа најинтересни за инвеститорите

Акциите на Македонија Турист АД Скопје беа најинтересни за инвеститорите

Вкупниот промет остварен на Македонска берза во вторник изнесуваше 48.1 милиони денари, од кои 31,9 милиони денари од остварениот промет припадна на трансакциите со акции издадени од Македонија Турист АД Скопје.

Интересот на инвеститорите беше насочен кон акцијата на Стопанска Банка и НЛБ Банка АД Скопје.

Акцијата на НЛБ Банка АД Скопје беше истргувана во количина од 293 истргувани акции по просечна цена од 9.994 денари, со што се позиционираше на трето место по промет. Акцијата забележа пад од 6,23%.

Листата на победници ја предводи акцијата на Уни Банка АД Скопје со пораст од 7,5 посто, следна по раст беше акцијата на Топлификација АД Скопје со пораст од 4,4 процент, а веднаш по неа акцијата на Окта АД Скопје со раст на вредноста за 3,6 отсто.

МБИ10 се зголеми за 0,01 проценти и изнесуваше 2.251,06 поени, додека пак ОМБ остана непроменет поради тоа што денеска немаше реализирани трансакции со обврзници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП