6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗасега преносните компјутери не се забранети на летовите од Европа

Засега преносните компјутери не се забранети на летовите од Европа

Преносните компјутери засега нема да бидат забранети во авионите од Европа кон САД, соопшти американското министерство за внатрешна безбедност.

Проширувањето на таа забрана, која веќе е на сила за летовите од Блискиот исток, сè уште се разгледува меѓу можните мерки, ‘доколку тоа го оправдува нивото на закана’, појасни преку соопштение американскиот министер за внатрешна безбедност Џон Кели по телефонскиот разговор со европските комесари за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос и сообраќај Виолета Булц.

Тој во неделата рече дека американските власти се подготвени да ги забранат преносните компјутери во кабините на авионите на сите меѓународни летови од и во САД заради реална закана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП