15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската инфлација се забавува повеќе од очекуваното во мај

Германската инфлација се забавува повеќе од очекуваното во мај

Германската потрошувачка инфлација веројатно ќе се забави повеќе од очекуваното во мај, намалувајќи се под целта на Европската централна банка (ЕЦБ) од малку под 2%, покажуваат државните статистички податоци, цитирани од „Ројтерс“.

Германските податоци ги следат шпанските ценовни вредности, кои покажуваат дека инфлацијата во четвртата по големина економија на еврозоната, исто така е намалена во мај. Шпанските кориснички цени се зголемија за 2,0% на годишна основа, што е најнизоко темпо од декември, покажаа прелиминарните податоци на Националниот институт за статистика.

Во најнаселена провинција во Германија – Северна Рајна-Вестфалија- годишната инфлација забави до 1,6% од 2,1% во април. Таа, исто така се намали до 1,6% во Саксонија. Во Баварија и Бранденбург падна до 1,4%, додека во Баден-Виртемберг се забави до 1,5%.

Додека трошоците за храна се зголемуваат нагло, инфлацијата во сектор енергетика се забавува поради падот на цените на нафтата, покажуваат податоците. Цените за одмор исто така се зголемија драстично, бидејќи повеќе специфични фактори како Велигденските празници во април не влијаат во мај.

Државните податоци не се усогласени за споредување со другите земји од еврозоната, посочуваат агенциите.

Истражувањето на агенцијата спроведена пред ставањето на регионалните податоци во Германија, покажува дека вкупната инфлација на потрошувачките цени се забавува до 1,6% во мај од 2,0% во април.

Аналитичарот на „Capital Economics“ Џесика Хиндс изјави дека државните податоци покажуваат дека инфлацијата во Германија се забавила малку повеќе од очекуваното во мај до околу 1,5%.

„И бидејќи основната инфлација е многу пониска од друго место во еврозоната, ние се сомневаме дека зголемувањето на каматите од страна на ЕЦБ ќе се случи пред 2019-та година“, коментира таа.

Инфлацијата за целата еврозона се очекува да се забави до 1,5% во мај во однос на 1,9% во април, сметаат анкетираните аналитичари од „Ројтерс“. Предвид добриот економски раст во еврозоната како целина, најсилниот пред кризата во блокот пред една деценија, притисокот врз ЕЦБ да ја прекине политиката на агресивните купувања на обврзници и нулта каматни стапки се засилува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП