4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА5-минутна рутина со чија помош ќе имате далеку подобар работен ден

5-минутна рутина со чија помош ќе имате далеку подобар работен ден

За успешен почеток на работниот ден и обавувањето на оваа утринска рутина, потребно е да одвоите само неколку минути пред почетокот на работното време со цел подобрување на работните активности, расположението и на крај телесното и менталното здравје.

Сето ова може да го направите на работното место, но доколку не сте сами и просторијата ја делите со повеќе колеги, потрудете се да дојдете на работа неколку минути порано и пред сите со цел да го имате потребниот мир и тишина.

Првата минута – Затворете го очите, исчистете ја главата од негативните мисли и доведете се во состојба на медитација. Угасете го мобилниот или таблетот бидејќи токму тие се најголемите виновници за декоцентрацијата и чувството на непријатност.

Втората минута – Концентрирајте се на дишењето. Многумина забораваат дека правилното дишење е клуч на менталното здравје бидејќи на тој начин оптимална количина на кислород стигнува до мозокот и се создава чувство на смиреност и пријатност.

Третата минута – Сега кога сте целосно смирени и концентрирани, обидете се на лист да ги напишете или да ги нацртате работните задачи за тековниот ден. Така ќе имате подобар увид во обврските кои ве очекуваат, а воедно ќе се погрижите и да не закасните на договорениот состанок или деловниот ручек.

Четвртата минута – Откако сте ги запишале идеите и работните обврски на листа, одвојте барем една минута за уште еднаш да ги погледнете и да ги проверите. Често се случува при проверувањето да воочите дека нешто сте заборавиле да напишете или сте направиле некоја грешка.

Петтата минута – Оставете се настрана, затворете ги очите и поминете ја последната минута од оваа рутина во тишина и концентрација.

По оваа утринска вежба, сигурно ќе се чувствувате поопуштено и поподготвено за работниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП