11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПодинамичните инвестиции ја зголемија оценката за француската економија до март

Подинамичните инвестиции ја зголемија оценката за француската економија до март

Францускиот институт за статистика (Insee) ја промени оценката кон зголемување за 0,1 процентни поени до +0,4 отсто во втората проценка за растот на економијата во првиот квартал, соопштија светските агенции, повикувајќи се на француската агенција „AFP“.

Зголемувањето е резултат на подинамичните инвестиции (1,2 отсто) во споредба со првата проценка (0,9 отсто).

Во претходниот квартал, бруто домашниот производ (БДП) се зголеми за 0,5 отсто.

За вториот квартал статистичкиот институт и централната банка очекуваа повторно раст од 0,5 отсто.

Корпоративните инвестиции се зголемиле за 1,9 отсто во однос на објавените порано 1,3 отсто. Инвестициите на домаќинствата се зголемија за 1 отсто во првиот квартал во однос на очекуваните 0,9 отсто.

Потрошувачките трошоци сепак се покачија само со 0,1 отсто, колку што беше најавено претходно, во однос на 0,6 отсто во претходните три месеци. За тоа придонесоа помалите трошоци за енергија како во резултат на помеката зима.

Довербата на француските домаќинства во мај достигна 102 поени – највисоко ниво од 2007-ма година, по четири месеци без промена на показателите, покажуваат податоците на статистичкиот институт. Резултатот се базира на две категории прашања – за личната состојба на домаќинствата и за чувството за економскиот развој во целина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП