4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЈапонските производители ќе инвестираат 25,5 милијарди долари во беспилотни технологии

Јапонските производители ќе инвестираат 25,5 милијарди долари во беспилотни технологии

Производителите од Јапонија ќе инвестираат вкупно околу 25,5 милијарди долари во развојот на беспилотен транспорт и во создавањето на ново поколонеие еколошки автомобили. Тоа ќе се случи во текот на следната финансиска година, која ќе заврши на 31-ви март 2018-та година.

Суштински дел – 13,4 милијарди долари, ќе потроши најголемиот јапонски автомобилски концерн „Toyota“. Друга компанија – „Honda“, предвидува да одвои 6,7 милијарди долари, што е 9,4% повеќе од износот за минатата финансиска година.

Сериозен раст на инвестициите предвидуваат и во „Subaru“, каде подготвиле 1,2 милијарди долари за создавање на слични технологии. Кај овој производител зголемувањето е со 17,3%. Слични намери имаат уште „Suzuki“ и „Mitsubishi“, додека во „Nissan“ ќе ја одделат истата сума која ја потрошиле и во 2016-та година.

Владата на Јапонија предвидува во 2030-та година секој петти автомобил, движејќи се по патиштата да има систем за автономно движење. Се очекува уште во 2020-та година беспилотните возила да добијат дозвола за движење во одделни области, а во 2025-та година тие ќе формираат целосен внатрешен пазар.

Уште во 2022-ра година во Земјата на изгрејсонцето треба да почнат да се движат колони од беспилотни товарни камиони, а првично тоа ќе се случува само по брзите патишта. Друг важен чекор е користењето на дронови кои ќе обезбедуваат снабдување не само во оддалечените рурални средини, но и во големите градови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП