22 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на куќите во САД веќе достигнуваат нови рекордно високи нивоа

Цените на куќите во САД веќе достигнуваат нови рекордно високи нивоа

Цените на куќите во САД веќе ги надминаа максималните нивоа од пред повеќе од 10 години, кои се сметаа за максимумот на тогашниот „станбен меур“, пишува интернет изданието „propertywire.com“.

Просечната цена на просечно американско живеалиште достигнува 198.000 долари кон април 2017-та година, што е за 1% над претходниот рекорд забележан во 2007-ма година, покажуваат податоците на компанијата за имот „Zillow“.

На годишна основа во април растот на цените на недвижностите во САД достигна 7,3% – најсилен од пред 10 години. Водечки во овој поглед е пазарот во Сиетл (12%), следен од Далас и Тампа (со 11% зголемување).

Во извештајот на компанијата се нагласува дека кога пазарот и цените паднаа пред повеќе од 10 години, на пазарот му требаше околу една деценија, за да се опорави. На некои пазари тоа стана побрзо во споредба со другите, посочува уште компанијата.

Податоците покажуваат дека од најголемите 32 пазари на домување во САД, просечната цена на имотите го надминала претходниот врв на 10 пазари и тоа уште пред една година. Други 17 се уште не ги стигнале претходните рекорди.

„Сега, кога просечниот американски дом вреди повеќе од кога било, луѓето можеби се прашуваат дали не се наоѓаат во виорот на нов национален „имотен меур“. Не сме во балон и нема да навлеземе во таков наскоро“, вели главниот економист на „Zillow“, Свенџа Гудел.

Според неа има голема разлика меѓу пазарот сега и порано. За време на кризата кредитните стандарди на банките биле премногу лабави, а шпекулациите биле совршениот рецепт за катастрофа.

Во моментов побарувачката е во нормални граници и главниот двигател на пазарот е стабилна економија и демографските трендови. Истовремено понудата тешко одговара на побарувачката, поради што и цените растат побрзо.

„Надвор тоа темелите на пазарот се стабилни. Живеалиштата се генерално достапни на повеќето пазари, отколку во времето на балонот пред повеќе од 10 години, и ќе останат такви дури и во догледна иднина, кога се очекува раст на каматите на станбените кредити. Американците дефинитивно гледаат смисла во тоа да се сопственици“, дополнува економистот.

Податоците на компанијата покажуваат дека просечната цена за изнајмување во земјата се зголемува за 0,7% во април до 1.412 долари месечно. Најсилен раст е забележан во Сиетл, Сакраменто и Лос Анџелес – односно 6%, 5% и 4%.

Според експертите главната пречка пред купувачите на имот ќе биде понудата. Податоците покажуваат дека резервите на пазарот се со 8% под понудата во исто време на минатата година. Најсилен пад на имотите за продажба е забележан во Минеаполис и Сиетл – 27% и 20%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП