4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија меѓу земјите со најсилен раст во еврозоната

Шпанија меѓу земјите со најсилен раст во еврозоната

Шпанија, најверојатно, ќе биде меѓу економиите на земјите од еврозоната со најсилен раст, иако се очекува дека зајакнувањето на економската активност ќе се забави во вториот квартал, вели економистот на консултантската фирлма „Капитал економикс“, Стивен Браун.

Во првото тримесечие од оваа година шпанската економија се зголеми за 0,8 отсто во однос на претходниот квартал, покажа неодамна објавениот детален извештај на Шпанскиот завод за статистика ИНЕ.

На годишно ниво шпанскиот бруто домашен производ (БДП), според извештај, се зголемил три отсто, пренесува Хина.

Растот во 19-члената економија на еврозоната во првиот квартал изнесува 0,5 отсто на тримесечно ниво и 1,7 отсто на годишна основа, покажаа проценките на Еуростат.

Браун очекува дека во второто тримесечие шпанската економија може да се забави, и тоа пред сè поради намалувањето на личната потрошувачка, која влијае врз БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП